Дали знаете кога се измислени новогодишните сијалички? 10 неверојатни и интересни факти за Новата година

Сите знаеме дека овој празничен период ќе украсиме во домот и дворот, ќе пиеме топло чоколадо и ќе гледаме божиќни филмови. Но, како дошло до некои работи и како се празнувал овој период порано? Еве неколку интересни факти.

 

1. Во средниот век елката се закачувала на таванот

Во Европа, за време на средниот век, луѓето ја поставувале новогодишната елка со врвот насочен надолу, прицврстена на таванот. Зошто? За забавен и необичен изглед!

2. Нова година порано се славела на 1 септември

Денешната традиција да се слави Нова година од 31 декември кон 1 јануари ја вовел Петар Велики. Пред неговиот указ, од 1492 година, Нова година се празнувала на 1 септември.

3. Петар Велики наложил радост и правилно украсување

Покрај тоа што го променил датумот на празнувањето, Петар Велики поставил правила за прослава: домот да се украсува со гранки од бор, ела и смрека, празнувањето да трае 7 дена со песни, подароци и веселби. Завршувањето на празникот било на 6 јануари, по Богојавленската литија.

 

4. Која е мајката на Снежана?

За оние кои не знаат, Снежана е лик од славјанската митологија и култура, која се појавува како помошничка или внука на Дедо Мраз. Во многу приказни, Снежана е млада девојка облечена во бело или сино, што го симболизира снегот и зимата.

Таа го придружува Дедо Мраз на новогодишните празници, помагајќи му да раздава подароци и да донесе радост на децата. Ликовите на Дедо Мраз и Снежана најчесто се појавуваат заедно во новогодишни претстави, песни и други зимски традиции во земјите од поранешниот Советски Сојуз.

Снежана не постои во западната традиција, каде нивниот Дедо Мраз (Санта Клаус) обично е претставен сам или со сопругата, госпоѓа Клаус. Така, ова е уникатен детал од славјанската култура.

Не постои единствена верзија за потеклото на Снежана. Некои легенди велат дека таа е ќерка на Дедо Мраз и Весна-Пролет, според делото на Александар Островски. Според друга верзија на Александар Афанасиев, мајка ѝ е Ветерот-Снежна бура, а татко ѝ е Дедо Мраз. Тие имале син Снешко, кој се оженил со Пролетта, а од тој брак е родена Снежана.

 

5. Првите новогодишни сијалички биле направени во 19 век

Во 1895 година во САД е украсена елката пред Белата куќа со првите сијалички, со што електричните светилки ја замениле традицијата на свеќи на елките, кои некогаш биле опасни поради ризикот од пожар.

 

 

6. Дедо Мраз е роден на 18 ноември

Според хороскопскиот знак, Дедо Мраз е Скорпија, така да може и тој не е толку добар :P. Запамтете го датумот!

 

7. Традицијата за Руската салата започнала во Советскиот Сојуз

Во времето на недостиг од храна, Руската салата било ретко и скапо јадење што се подготвувало само за специјални прилики. Иако денес состојките се лесно достапни, оваа салата останува неизоставен дел од новогодишната трпеза.

 

 

8. Песната „Во шумата се роди елка“ има 120 години

Иако е „возрасна“, песната останува незаменлив дел од празничниот дух и нема планови за „пензионирање“.

 

9. Новогодишните соништа се пророчки

Според народните верувања, сонот што ќе го сонуваш во ноќта од 31 декември кон 1 јануари предвидува што ќе ти се случи во текот на наредната година.

10. Снешкото порано бил заштита од зли духови

Луѓето верувале дека снешкото ги брка злите духови, болестите и несреќите. Затоа снешкото се поставувал пред куќата како заштитник.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *