Дали знаете која била првата сопруга на Том Круз и како изгледа? Поради неа тој стана опседнат со бизарен култ!

Американската актерка, позната и како првата сопруга на Том Круз, Мими Роџерс, се појави на доделувањето на наградите Грејси, каде што со своето доаѓање предизвика голем интерес, откако извесно време не се појави во јавноста.

Денеска 66-годишната актерка за оваа пригода избра тесен цветен фустан кој ја истакна нејзината линија и додека позира пред насобраните фотографи не симнува насмевка од лицето.

Мими и Том биле во брак од 1987 до 1990 година, а токму таа го запознала со Скиентолошката црква на која актерот и денес припаѓа, а поради која наводно бил напуштен од неговите поранешни сопруги Никол Кидман и Кејти Холмс. Мими е воспитана според скиентолошките верувања и правила, но денес таа повеќе не живее според нив.

По нејзиниот развод со Том, остана запаметена нејзината изјава за магазинот „Плејбој“ дека тој мисли дека мора да биде во целибат за да „ги одржува алатот чист“.

Мими пред Том беше во брак со Џим Роџерс, а денес е во брак со филмскиот продуцент Крис Сиаф со кој има две деца. Таа сѐ уште е активна во актерството, а моментално глуми во новата серија „Bosch: Legacy“.