Дали знаете која е молитвата за татковината? Бигорскиот манастир ја одржува на најзначајниот ден за народот

Покрај Свечената литургија во познатиот Бигорски манастир, во рамките на илинденските чествувања беше извршен и чинот на Доксологија- молитва за татковината.

Како и секоја година беше извршен чинот на Доксологија, во кој се принесуваат молитви за вечен спомен и блажено упокоение на сите кои се бореле и паднале во светите борби за верата и Татковината, особено во Илинденското востание”, вели отец Кирил.

Што се однесува до службата Доксологија, таа е посебен вид богослужба, која се пее по Божествената Литургија, на денови значајни за народот, како благодарност кон Бога.

По благословувањето на празничното коливо, Епископ г. Партениј, одржа пригодно слово.

„На овој празник посветен на светиот и велик старозаветен пророк Илија, пред 118 години нашиот многунамачен и напатен народ херојски востанал против гнетот и јаремот на големата Турска империја. Господ да не чува во преслатката слобода Христова, да ни ја чува Татковината, да ги просветлува оние на кои им е дадена власт да не водат и да им каже добри зборови во срцата нивни за Црквата и за целиот негов народ“ порача владиката.