Дали знаете што значи кратенката „YKK“? После ова, почесто ќе ја приметувате на вашата облека!
Кратенката „YKK“, која често може да се најде на патентите на вашите фармерки, јакни, мантили е име на јапонска производствена компанија. Целосното име е „Yoshida Kogyo Kabushikikaisha“, што се преведува како „Yoshida Company Limited“. Оваа компанија е најголемиот производител на патенти на Земјата: околу половина од сите произведени патенти се направени од „YKK“.
Исто така, компанијата произведува и други производи за прицврстување, архитектонски производи, пластичен хардвер и индустриски машини. Постои од 1934 година и оттогаш убедливо е најзастапената марка на патенти во светот. Како што компанијата се ширела во изминатите година, преминала и кон основање претставништва во Европа, Африка и Америка.
Коментирај анонимно