Дали знаевте дека доколку поседувате „BYD“ електричен автомобил можете да го полните со друг таков, со само еден „продолжен“ кабел?

Фотографијата од едно електрично возило кое полни друго, кое останало заглавено покрај пат, беше објавена од возачите на возила на бензин и предизвика дебата на интернет.

Сликата, објавена на „Редит“ во понеделникот, покажува две возила паркирани едно зад друго на страната на автопат во рурална Австралија. Каблите за полнење од секое од електричните возила беа споени заедно со нешто што изгледа како продолжен кабел.

 

 

„Денес дознав дека ако вашиот „Build Your Dreams EV“ снема батерија, можете да го наполните со друг на неколку часа на страната на патот“, пишува на објавата.

„BYD Auto“, поретко познат како „Build Your Dreams“, е еден од најголемите кинески производители на електрични автомобили и беше лансиран во Австралија кон крајот на 2021 година. Фотографијата брзо предизвика дебата меѓу возачите на бензин.

„Само чувајте дизел генератор во багажникот и нема да ви треба другиот автомобил“, рече еден.

„Како да фрлате бензин од еден автомобил до друг“, коментира вториот.

И покрај исмејувањето, повеќе Австралијци се префрлаат на електрични возила со 95.289 продадени во годината до 30 јуни 2024 година. Производителот на електрични возила „Tesla“ се зголеми по популарност и се најде на врвот на листата за најмногу продажби меѓу возачите. По „Тесла“ следи „BYD“.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *