„Дамите“ од Хрватска имаат многу „итни“ проблеми кои очигледно им се поважни и од животот

Жена која се занимава со надградба на нокти од Хрватска сподели со каква мака се соочува таа и нејзините колешки. Тие иако ги затвориле своите салони со цел да го заштитат сопственото и здравјето на своите клиентки некои жени едноставно „не можат да живеат“ без средени нокти дури и во ваква ситуација.

Жената вели: „Се чудите зошто сите купуваат брашно, масло, квасец, тоалетна хартија, а потоа ми праќате вакви пораки? Ај што сум во шок од работите кои ни се случуваат, туку сум во шок што од вчера добивам пораки со прашања, а најмалку пораки за поддршка.“

Ние веруваме дека ситуацијата во Македонија не е помалку различна, па дури имаме и пример кој можете да го видите тука. Да се надеваме дека „дамите“ ќе успеат да си ги постават приоритетите во животот и наместо за својот изглед, да се погрижат за своето и здравјето на своите најблиски.