Дамјан Давков освои 10.000 евра во кеш на математичкиот натпревар за средношколци Ултимат
Овој викенд се одржа најголемиот натпревар по математика за средношколци во Македонија „Ултимат“, организиран од Brainster Next факултетот и NU High School College. Настанот обедини 350 ученици од целата земја кои се натпреваруваа за титулата „Најдобар математичар средношколец на Македонија“.
По интензивни квалификации, во кои учествуваа околу 2.500 ученици, најдобрите 10 се изборија за место во супер финалето, кое се одржа во недела. Финалистите покажаа извонредна логика, аналитички способности и брзина при решавање на комплексни задачи.
Главната награда беше 10.000 евра а таа отиде во рацете на Дамјан Давков. Тој успеа да ги совлада сите предизвици и ја освои престижната титула.
Организаторите истакнаа дека целта на оваа иницијатива е да се поттикнат младите таленти и да се вложува во образованието на идните лидери на Македонија. Освен за победникот, награди, изненадувања и признанија беа подготвени и за сите учесници.
Овој натпревар е потврда за големиот потенцијал и талент на македонските ученици, кои со својот труд и знаење докажуваат дека можат да бидат идни лидери во областа на математиката и науката.
Честитки за Дамјан!
Секоја чест за Дамјан! Башка, 2,500 учесници се пријавиле за високата награда од 10,000 евра!
Реално, на 2,400 не им иде математика, но си викаат ај ќе учествувам, можеби ќе добијам награда!
Како на Скопски Маратон… На 06.10. се појавија рекордни 13.440 натпреварувачи од 55 земји.
А награда добиваат само првите 3 џогери!
Коментирај анонимно