Данска ги забрани бурките и се спаси од мигрантска криза: Денес има 90% помалку барања за азил

Пред десет години, Данска се соочи со сериозна мигрантска криза поради масовниот прилив на бегалци во Европа. Земјата, тогаш оптоварена со зголемена стапка на криминал и тензии во урбаните области, одговори со сериозен пресврт во својата миграциска политика. Одлучувачки чекор беше забраната на бурките – симболичен потег кој најави нова ера на строги мерки насочени кон заштита на „данскиот идентитет“.

Данска ги забрани бурките и се спаси од мигрантска криза: Денес има 90% помалку барања за азил

Резултатите се јасни

Данската левичарска влада, предводена од премиерката Мете Фредериксен, воведе политики кои бараат од новодојденците и нивните деца да го учат данскиот јазик, а во спротивно да ги изгубат бенефициите. Со т.н. „закон за гета“, властите почнаа со преселување на жители од етнички концентрирани населби како Мјолнерпаркен, во обид да спречат создавање на паралелни општества.

Резултатите се јасни: бројот на барања за азил е намален за речиси 90% во однос на 2015 година, кога изнесуваа над 21.000, додека во 2023 биле само 2.333. Криминалот во некои квартови е речиси искоренет, а имиџот на Данска како дестинација за мигранти значително опаднал благодарение на агресивни кампањи и јасна порака дека државата не прифаќа нерегулиран прилив.

 

Резултатите се јасни

Данска – лидер во Европа по ова прашање

Контроверзно, Данска дозволува конфискација на скапоцености од мигрантите за покривање на трошоци, а депортациските центри функционираат со висока ефикасност. Дури и лицата од земји кои веќе не се сметаат за небезбедни, како Сирија, се подложни на враќање и покрај претходно добиен азил.

Данска - лидер во Европа по ова прашање

Данска денес претставува пример за строга, но ефективна имиграциска политика, која, според многумина, успеа таму каде што другите европски држави се уште се борат со предизвиците од неконтролираната миграција.