Дебарчанката Бебе Реџа се вознемирила кога открила што дава автоматското пребарување за неа на ТикТок
Трикратната номинирана за Греми, Бебе Реџа, откри дека е тренд на ТикТок откако додека си скролала и во полето за автоматско пребарување и излегло „тежината на Бебе Реџа“
„Тоа што го видов дека се зборува така за мојата тежина е вознемирувачко“ – напиша таа.
Скролајте надолу за видео


„Не сум лута бидејќи е вистина. Се здебелив. Им благодарам на сите луѓе кои ме сакаат без разлика на се. Отсекогаш се борев со својата тежина“.
Потоа таа надополни со уште неколку твитови: „Кучката сака да јаде!“ „Работам на себе секој ден. Само сум малку обесхрабрена во моментов“.


Исто така еден корисник на Твитер @SugaRboo2054 истакна дека нејзиниот имиџ незаконски се користи за реклама на програмата за слабеење VLCC од „дебело до рамно“ на PornHub.

Уште во јуни 2021 година, Бебе го промовираше движењето за „нормализирање на 165 килограми“ пред со солзи да признае шест месеци подоцна дека е најдебела што некогаш била и се чувствувала одвратно во нејзиното тело.
„Се измерив сега и не се чувствувам удобно да ја споделам тежината затоа што се чувствувам засрамено“, призна Реџа на ТикТок .
„Не се чувствувам добро во мојата кожа, а кога не се чувствувам добро, не сакам да објавувам. И тоа е навистина искрено причината поради која не објавував во последната година или толку многу како порано. Мислам дека целата телесна позитивност што произлегува од мене е веројатно место на повреденост и збунетост на лајкови, не знам повеќе како да си помогнам себеси или како да се сакам себеси“.

Минатиот петок, хитмејкерот на „Heart Wants What It Wants“ ја стави својата заоблена фигура во светкаво сино и соодветни панталони зад сцената на фестивалот за музика и уметност во долината Коачела во Индио, Калифорнија.
Бебе треба да настапи на 11 мај во хотелот „Guitar“ на Seminole Hard Rock Hotel & Casino во Холивуд, Флорида, пред да ја започне својата турнеја.

Коментирај анонимно