Деца од Нигерија добија покана за Холивуд откако рекреирале трејлер за филм

Деца од Нигерија кои станале познати така што преработуваат познати музички видеа и трејлери за филмови со предмети од домаќинството можеби ќе се упатат кон Холивуд.

Членовите на „Ikorodu Bois“ ја добија оваа можност откако на социјалните мрежи споделија домашен римејк на трејлерот за филмот на „Нетфликс“, „Екстракција“, кој можете да го видите подолу.

Инспирирани од врвните продукции, браќата Муиз, 15 и Малик, 10 (со помош за видео-уредување од постариот брат, Бабанту), и нивниот братучед, Фавас Аина (13) го снимаа трејлерот во нивното соседство во Икороду, предградие во Лагос, користејќи ја нивната генијалност.

Откако го објавиле тие им рекле на своите следбеници да ги споделат и означат водечките актери Крис Хемсворт и Нетфликс за да го привлечат вниманието. Произведено од американското дуо, Браќата Русо, „Екстракција“ го карактеризира Хемсворт како Тајлер Рејк, платеник со задача да го спаси синот на затворениот наркобос, кој е киднапиран од ривалскиот шеф.

Неколку часа подоцна, Нетфликс го ретвитнал постот пишувајќи: „Го обожаваме ова!“ Видеото го привлече вниманието и на Хемсворт, кој ретвитна: „Епски“.

Но, она што навистина го привлече вниманието беше неочекуваното признание од филмските продуценти, Браќата Русо, кои го споделија видеото и ги поканија на премиерата на „Екстракција 2.“. „Ова е прекрасно! Ние би сакале да ве видиме на премиерата #Exraction 2 … Пишете ни и ќе ве однесеме таму!“, пишале тие во твит.

Момчињата реагираа со радост, велејќи дека коментарите од продуцентите и Хемсворт биле остварување на сонот. Бабантун Сани, 23-годишник кој е мозок зад групата, но не се појавува во видеото, рече дека им требало еден месец за да го направат трејлерот. Останува да видиме дали навистина момчињата ќе завршат во Холивуд.