Децата пишуваат состав за Европска Унија за домашно (виц)

Учителката им дала задача на децата да напишаат состав за Европската Унија. Им рекла да побараат помош од родителите затоа што според новата методологија и родителите требало да бидат активно вклучени во образованието на децата.
Наредниот ден сите деца донеле домашно, само Мартин празна тетратка. Учителката изнервирана го прашува:
– Добро Мартине, дали воопшто ти текна дека имаш домашно?!
– Да наставничке и го прашав тато, како што ни рековте.
– И што ти кажа татко ти?
– Пцовките смеам ли да ги кажувам?
– Не, таквите делови прескокни ги.
– Е па ништо не ми кажа.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *