„Дечко со којшто се запознав на „Тиндер“ ме однесе на трка на свињи на прв состанок – еве која е причината зошто не сме заедно сега“
Првите впечатоци можат да бидат од големо значење, особено кога се среќавате лично за прв пат со некој. Повеќето играат на сигурно, криејќи ги своите необичности и држејќи ги сите необични хобија настрана на првиот состанок.
Но, на еден човек не му пречеше да го сподели своето омилено хоби со неговата потенцијална партнерка од „Тиндер“. Џаун Стоктон стана вирален на TikTok откако објави видео од неговата необична активност на првиот состанок.
Во видеото кое сега собра милиони прегледи, Џаун е снимен како страсно навива на трка на свињи кои се тркаат на патека. Девојката не може да ја скрие својата реакција и се смее на целата ситуација.
„Овој човек од „Тиндер“ ме одведе да се „коцкам“ на свински трки за нашиот прв состанок“, се вели во објавата.
„Тој освои 50 долари и ги искористи парите за да ме изнесе на ручек“.
Илјадници обожаватели беа желни да дознаат како поминал целиот прв состанок на момчето и девојката. Во следното видео, Џаун откри дека, за жал, работите не се одвиваат добро за парот. Двајцата биле во различни фази од животот и се разделиле поради тоа што девојката отишла во друг град да учи и веднаш си фатила ннов дечко.
Коментирај анонимно