Дечкото ја шокирал девојката со сметка од 250 долари за тоа што се гледале изминатиот месец – и тоа детално разработена во Excel
Замислете, го запознавате совршениот партнер: и иницијатива, романтика и внимателност. Но, одеднаш, после еден месец состанувања – добивате детална сметка во Excel за љубовните вечери, со барање: исплати 249 долари за твојот дел од романтиката. Ова е вистинската приказна на 23-годишната Американка која денес се прашува – дали финансиите целосно го уништија духот на запознавањето?
Врската започнала со иницијатива од неговата страна – планираше трки, возење велосипеди, излети на плажа и вечери. Тој секогаш се нудеше да плати, да покани и да организира. Но, по само еден месец интензивни состаноци, 32-годишниот партнер ѝ испратил табела каде прецизно ги наведува сите излегувања, кафе барови, вечери, па дури и купени цигари. Сметката стигнала речиси до 250 долари.
„Можеш ли да ми пратиш преку Venmo?“: Од романса до бизнис трансакција
„Одвратно ми е што морам да прашам, но можеш ли да ми пратиш нешто за последните неколку недели?“ – вака започнала неговата порака, придружен со табела во Excel. Износот бил образложен до последен денар: сметки во кафулиња, вечера, такси, па и пакетче цигари. На крајот дури и дал попуст: од тие 249 долари, барал „само“ 100. Кога ги доби парите, побара уште – овој пат за долг на негов пријател.
„Не ми се верува – тој беше толку внимателен, го почитуваше темпото на врската, дури чекаше стрпливо за првиот бакнеж. А потоа си бара исплата во табела!“ – напиша разочараната девојка на Reddit. Се чувствувала како предмет во финансиска размена, а не партнерка во љубовна приказна. “Во неколку наврати јас плаќав, но никогаш не водев сметка колку или побарав да ми врати. Зарем врските треба да бидат вака?”
Корисниците на социјални мрежи се згрозени. „Ова изгледа како сцена од Американски психо. Бегај од тука,“ коментира еден. Други истакнуваат: „Врската не е бизнис-трансакција. Довербата и фер-односи се градат органски, не со фактури и табели.“ Општиот заклучок – маж кој работи две работи, а не може да ги среди личните финансии, има поголеми проблеми од љубовни долгови.
Коментирај анонимно