Децата побарале пари за Божиќ од својот вујко и тој реши да им ја исполни желбата на свој начин
Најдобрите Божиќни подароци не се најскапите. Туку тоа се најкреативните. Еден корисник на Твитер ја сподели својата приказна како успеал да ги насмее своите внуци со својот подарок. „Donnachaidha O’Chionnaigh“ вели дека ги прашал своите внуци што би сакале за Божиќ, но тие му сакале дека не сакаат играчки и други подароци туку дека сакаат „пари како подарок“.
Вујкото ова го сфатил како предизвик и решил на децата да им го даде токму тоа. Тој со помош на хартија и фотошоп направин банкноти „долари“ и убаво ги спакувал да изгледаат како игарчки. Бидејќи децата сакале пари тој им дал пари иако секако тие се целосно бескорисни.