Децата со Даунов синдром се претставени како Дизни ликови преку убава кампања за подигнување на свеста

Сите се убави, без оглед на тоа какви се родени. Ова е централната идеја што британската фотографка Никол Луис Перкинс сака да ја сподели со светот со нејзината неверојатна кампања „Даун со Дизни“ која ги слави децата кои имаат Даунов синдром. За време на низата прекрасни фотосесии, Перкинс фотографираше деца облечени како различни ликови од филмовите Дизни: од „Малата сирена“ до „Кралот лав“ и многу повеќе.

„Јас го креирав ‘Даун со Дизни’затоа што минатата година започнав со кампањи за подигнување на свеста / прославата. Имав направено кампања за подигнување на свеста за Даунов синдром и се заинтеренсирав. Беше полна со информации што се надевам дека ќе им помогнат на новите родители. Бидејќи моето следење на социјалните медиуми растеше со родители на деца со Даунов синдром, сакав да направам нешто повторно за нив годинава, од каде потекнува ‘Даун со Дизни’. Јас апсолутно го сакам Дизни и знам дека не сум сам, затоа мислев дека ова би било совршено.“, објаснува фотографката.