Децата спасија куче покриено со катран, откако биле предупредени од други кучиња

Очајно куче било заробено, покриени од глава до шепи во густ црн катран. Виело и лаело, но без никаква корист, се додека не го пронашле други кучиња и решиле да побараа помош.

Локалните кучиња почнале да лаат и им го привлекле вниманието на децата кои се играле на улицата. Откако децата отишле до кучето и сфатиле дека сами не можат да му помогнат ги викнале своите родители.

Инцидентот се случил во Либертад, во градот Мерло, во главниот град на Аргентина Буенос Аирес. Родителите се јавиле во полиција, а биле потребни 9 часа за итните служби да го спасат и исчистат кучето. Благодарение на работата на полицијата, пожарникарите и волонтерите на организацијата за заштита на животните Проекто 4 Патас кучето чие име сега е Алое било ослободено.

Според групата на животни, кучето „паднало или било фрлено во бунар со катран во една напуштена област во Либертад“. Целата операција за спасување траела околу девет часа, биле потребни 50 литри масло и многу сапун заедно со многу спремни доброволци кои потоа го измиле Алое. Сега таа е добро и го чека семејството кое ќе ја посвои.