Дедо купил автобус за своите 10 внучиња, за да може секое утро да ги носи на училиште

Дедо во Орегон му купи на своето семејство неочекуван Божиќен подарок: жолт училишен автобус. Даг Хејс ги изненади своите 10 внуци со автобусот на кој што пишува „Дедо Експрес“.

Тој вели дека се одлучил на ваков подарок бидејќи децата му велеле дека сакаат да одат на училиште, но бидејќи нивното училиште нема свој автобус би сакале да имаат и автобус.

Така дедо ја исполнил желбата. 5 од неговите внуци одат во мало приватно училиште кое нема сопствен превоз, додека другите 5 сѐ уште немаат тргнато на училиште. Дедото вели дека во реализацијата му помогнала и неговата сопруга Ејми.

Сега Даг планира секое утро да ги собира внуците, да ги носи до училиште со автобусот и потоа да се врати дома, да го земе автомобилот и да оди на работа. Помеѓу неговиот дом и домот на неговите внуци има 20-минутно возење, а до училиштето има уште неколку километри. Сепак овој дедо е подготвен да направи сѐ за да ги види своите внуци среќни и насмеани.