Дедо мислел дека го губи разумот откако почнале да му исчезнуваат пари, но инсталирал скриена камера и се шокирал
Пензионерот Џон Рени почнал да се чувствува како да го губи разумот откако постепено му исчезнувале пари од сефот. 79-годишниот човек одлучил над плакарот каде што му стои сефот да постави камера за да сфати што се случува и прилично се разочарал.
Џон дознал дека неговиот долгогодишен пријател, 47-годишниот Фувитер Синг Так е крадецот кој му ги зема парите. Г-дин Рени изјави за Cairns Post дека неколку години по ред забележувал дека недостасуваат пари од сефот што го чува во својот плакар, но не можел да сфати како.
Неговата збунетост достигнала точка што еден ден ја прашал ќерка си: „Дали го губам умот?“. Решил да преземе нешто и поставил скриени камери околу својот дом, решен да дојде до дното на мистеријата за парите.
На снимката го видел Так како краде пари од неговиот сеф. Џон и Так биле пријатели 6 години, откако „добриот“ сосед му понудил да му помогне на Џон. Скоро секој петок попладне двајцата пиеле пиво и се дружеле.
„Тој ми беше пријател. Ку*кин син ме крадеше додека бев надвор, а кога ќе се вратев внатре му дадав пиво и пиевме заедно, како би се чувствувале после вакво нешто.“, вели Џон.
Так бил осуден на 9 месеци затвор, но добил 12 месеци условна казна, така што ако ги почитува условите нема да стапне во затвор ниту еден ден.