Дедо тргна во теретана на 91-година и докажа дека никогаш не е предоцна
Тргнувањето во теретана како новогодишна резолуција стана малку универзална шега, но да бидеме реални беше смешно првата година кога стана популарна и веќе никој не ѝ обрнува внимание.
Па, додека некои прават шеги дека конечно ќе почнат да вежбаат, некој пред една година веќе почнал и оваа година доби признание за „член на годината“, затоа што е инспирација за многу други членови во теретаната.
Запознајте го Лојд Блек, 91-годишен маж од Семс, Алабама, кој веќе една година оди во локалната Anitime Fitness Gym три пати неделно. Anytime Fitness Gym неодамна го именуваше како Фитнес-член на месецот затоа што е вистинска инспирација за многу фитнес-фанатици низ целиот свет. Само помислете на тоа, Лојд има скоро 100 години и тој сè уште ја наоѓа мотивацијата и енергијата да остане здрав преку вежбање.
Очигледно, Лојд решил да започне да вежба бидејќи му станувало тешко да ги извршува едноставните задачи. После една година дисциплинирано вежбање, повеќето правени на неговата омилена лента за трчање, Лојд се чувствува дека може да ги извршува работите кои што не можел порано.
Тој вели дека неговиот татко ми бил вистински пример и го научил никогаш да не се откажува. Така и тој заземал ист став и ја надминал секоја пречка вклучително и неговата возраст. Тој бил решен да го подобри своето здравје и да ја врати силата и успеал во тоа. Кој е вашиот изговор?