Дедото и внукот (виц)
Дедото му вели на внукот:
– Еве касни едно доматче за мама.
(џвакање и молчење)
– Ајде сега и една краставичка за тато.
(џвакање и молчење)
– А, еве и едно саламче за дедо.
– Доста е бе дедо! Веќе сум 30 години!
– Абе, знам дека си триесет, ама крајно време е да научиш да мезиш додека пиеш!
Коментирај анонимно