Дедото секој ден има посебен ритуал со својата внука од другата страна на улицата за да може да ја види

Веќе сите знаеме дека постарата и помладата генерација не треба да бидат во близина едни на други поради опасноста од пренесување на коронавирусот. Но, сепак еден дедо сакал да продолжи секојдневно да биде дел од животот на својата внука и затоа смислил план.

80-годишниот Марвин од Нешвил, Тенеси секој ден игра со својата 6-годишна внука Кира, но на безбедно растојание, од другата страна на улицата. Мајката на Кира, Шери Нили, го сними прекрасниот момент на камера и го сподели на Фејсбук за да ги стопли срцата на сите.