Дефинитивно најсреќниот ден во нивните животи! Овие младенци венчавката ја „зачинија“ со посебна тревка

Младенци ја покажаа љубовта едни кон други, но и кон канабисот, откако организираа венчавка каде што главната тема била марихуаната.

Клара и Дасти Хигинс, од Колорадо се запознале кога Клара работела во еден бар. Дасти се понудил да ѝ позајми еден џоинт и така се појавила „романтична искра“ помеѓу нив.

Така кога дошло време да се каже судбоносното „Да“ младенците, кои и двајцата работат во индустријата со канабисот не размислувале многу во врска со темата на забавата. Така марихуаната стана основната „декорација“ на венчавката и сите гости можеа да ја дегустираат.

Церемонијата се одржа на ранчот на Клара и Дасти веднаш до нивната нива со марихуана. Имало опремен бар на кој се служеле лулиња, бонгови и џоинти во неограничени количини. Можеме да замислиме колку биле опуштени и среќни гостите.

Тие дури имале и рачно направен „свадбен бонг“ кој ги чинел 400 долари.  Да се надеваме дека како и бизнисот, така и бракот ќе продолжи да им „цвета“.