Дејан Кулушевски, Македонецот кој игра за Тотенхем вели: „Скапо нѐ чини навиката на Тотенхем да стартува бавно, мора да игра од првата минута ако сака да биде голем тим“

Дејан Кулушевски е шведски фудбалер со македонско потекло, играч од средниот ред на Тотенхем на заем од Јувентус и на шведската репрезентација.

Откако Тотенхем заостана во ремито со Брентфорд тој призна дека тимот е во загуба поради нивните спори стартови, но вети дека тимот ќе работи напорно да најде решение.

 

Мора да се подобриме“, изјави Кулушевски. „Не е во ред да се започнуваат вакви натпревари. Ако сакаме да бидеме голем тим, тогаш мора да почнеме да играме од првата минута. Не е доволно со зборови. Мора да го направиме тоа на теренот. Да знаев како да го сменам тоа, ќе им кажев на сите, но не знам. Мора да го сфатиме тоа како тим, сите заедно. Ние не го очекувавме ова и работевме толку напорно за да не играме вака и кога работите напорно сакате да ги видите резултатите, а ние не го направивме тоа, но наскоро има уште еден натпревар и ќе бидеме подготвени“.

„Првото полувреме беше многу лошо“, изјави Кулушевски. „Не се чувствувавме подготвени. Ја губевме секоја втора топка и не направивме ништо со топката, така што сме многу, многу разочарани од играта. Не е во ред. Штом го постигнете првиот гол, се чувствувате како да ќе победите и отидовме многу блиску. Мислев дека ќе победиме. Цело време само го гледав часовникот. Знаев дека имаме многу време за гол, но по два не. Но, големиот проблем не е во второто полувреме, туку во првото полувреме“.

 

Роден во Стокхолм, Кулушевски ја започнал својата фудбалска кариера на 6-годишна возраст во екипата на Бромапојкарна, во која успешно настапувал во најдобрата младинска лига на Шведска.

Поради потеклото на неговите родители, Кулушевски има право да настапува за две репрезентации, Шведска и Македонија, и тој играл за двете во младинските категории.

Откако во 2016 година дебитирал за репрезентацијата на Македонија под 16 години, во летото 2017 година, Македонија направила обид да го придобие играчот да ја избере репрезентацијата на потекло на неговите родители нудејќи му на Кулушевски место во сениорската репрезентација. Сепак, тој одлучил да каже „не“, поради тоа што сакал да ја претставува Шведска во иднина.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *