Дејвид Бекам се гледа себеси на 70 години во нова хуманитарна кампања

Дејвид Бекам има 70 години во новата рекламна кампања за битката против маларијата. Во кратка реклама од Malaria No More, легендарниот фудбалер се игра себе си во време кога сме успеале да ја победиме маларијата. Во 2019 година, според Светската здравствена организација, повеќе од 400.000 луѓе починале од маларија. Благодарение на некои дигитални волшебства, на 45-годишникот му се креираше повозрасна верзија од него која одржува говор.

На почетокот на рекламата, тој вели: „Денес, нашиот свет се промени. Го победивме најстариот и најсмртоносен непријател на човештвото, болест што уби милијарди. Повеќе од кој било друг во историјата. Денес ѝ ставивме крај на маларијата.“ Потоа, со брзо враќање на сегашноста, Бекам е повторно средовечен маж сè уште одржува говор за потребата од борба против болеста.