Декласифицираните документи на ЦИА откриваат тајно бегство на Хитлер по Втората светска војна – Аргентина објавува нови нацистички досиеја
Декласифицираните документи
Шокантни документи декласифицирани од ЦИА откриваат тајна мисија за пронаоѓање на нацистичкиот лидер Адолф Хитлер – цели 10 години по неговата наводна смрт. Според неколку извештаи од архивите на ЦИА, американски агенти во Јужна Америка биле убедени дека диктаторот преживеал и дека во 1950-тите живеел под друго име.
Еден оперативец дури тврдел дека нашол фотографија од човек што личи на Хитлер во Колумбија. И покрај тврдењата на сојузничките сили дека телото на Хитлер било пронајдено изгорено во бункер во април 1945 година, документи објавени во 2020 покажуваат дека американските разузнавачи веднаш по крајот на војната почнале да бараат „скривалиште“ на Хитлер во Аргентина.
Потрагата по Хитлер, според извештаите, не завршила по војната. Дури и во 1955 година, ЦИА сè уште комуницирала со доушници кои тврделе дека знаат за тајното бегство на Хитлер. Иако трагата на документите се губи во ноември 1955 година, новите настани во Аргентина повторно го актуелизираат случајот.
Во март 2025, претседателот на Аргентина, Хавиер Милеј, нареди декласификација на сите документи поврзани со нацисти кои по војната нашле засолниште и биле заштитени од аргентинските власти.
Според една откриена белешка од октомври 1945, Министерството за војна на САД испратило информација до ФБИ дека Хитлер можеби се крие во спа хотел во Ла Фалда, Аргентина. Сопствениците на хотелот биле отворени поддржувачи на нацистичката партија и пријатели на самиот Хитлер.
Според извештаите, американското разузнавање верувало дека, ако Германија ја загуби војната, Хитлер ќе побегне токму таму, кај семејството што му било лојално.
Документ од 3 октомври 1955 вели дека ЦИА спроведувала тајна операција за да потврди дали Хитлер преживеал и се преселил во Јужна Америка. Доушникот со кодно име CIMELODY-3 добил фотографија наводно направена во Колумбија, каде што човек по име „Адолф Шрителмајор“ седи на клупа со поранешен нацистички војник по име Филип Ситроен.
Според Ситроен, тој се среќавал со „Хитлер“ месечно, и тврдел дека фотографијата е направена неодамна, во септември 1955, во градот Туња, Колумбија. Некои поранешни нацистички војници подоцна тврделе дека Хитлер во јануари 1955 се преселил во Аргентина.
Иако некои агенти продолжиле со истрагата, дел од разузнавачите биле скептични и ја нарекле фотографијата „фантазија“. На 4 ноември 1955, централата во Вашингтон одобрила агентите да стапат во контакт со некој познат како „GIRELLA“ за да се истражи животот на „Шрителмајор“ пред 1955 година.
Но, во истиот документ било препорачано и да се прекине истрагата, со образложение дека „може да се потрошат огромни ресурси, а со минимални шанси да се дојде до нешто конкретно.“
Останува нејасно дали има други документи кои се сè уште класифицирани или исчезнати. Но, новата одлука на Аргентина за отворање на архивите би можела да фрли ново светло врз соработката со нацистите и евентуалното присуство на Хитлер во Јужна Америка.
Познато е дека по Втората светска војна, САД преку „Операција Клипово Перо“ (Operation Paperclip) донеле околу 1.600 германски научници, меѓу кои и Вернер фон Браун, кој подоцна станал клучен за НАСА.
Сега, аргентинските документи најавено е дека ќе откријат детали за тајните нацистички бегалски патишта – таканаречените „ратлајни“ – преку кои нацистите тајно бегале од Германија. Дали во тие документи ќе се појават нови докази за бегството на Хитлер – останува да се види.
Pa normalno cija kerka e Merkel? Kopy – Past na Hitl…
Ima i serija bazirana na dokumentive: Hunting Hitler (2015)
Interesna zabava i se gleda i slusa toa sto sakaat da go slusnat lugevo, naucna fantastika
Коментирај анонимно