„Демонска“ кукла од 8 метри ги преплаши граѓаните на селото Рочдејл во Англија – причината зошто е поставена е уште почудна

Жителите на англиското село Рочдејл се шокираа откако на градскиот плоштад беше поставена џиновска кукла бебе и настанот го опишаа како најморничавото нешто што се случило во местото.

 

 

 

Играчката висока 8 метри, наречена Лили, има џиновски подвижни екстремитети и уста што се отвора и затвора како Пинокио, објави Би-Би-Си. Куклата е поставена како дел од новата кампања која ги охрабрува учениците да зборуваат за важноста на животната средина.

 

 

 

Во видеото објавено на „Фејсбук“ страницата на Советот на општина Рочдејл, група ученици се гледаат како пеат песна пред огромната кукла. Но, иако младите не изгледаа исплашени од играчката, некои возрасни жители чувствуваа дека тоа е малку морничаво.

 

 

Луѓето ја споредија Лили со нешто како од научно-фантастичната комедија од 1990 година „Honey I Shrunk the Kids“. Некои рекоа дека таа ги потсетува на аниматронската кукла која ја надгледува смртоносната игра во хит корејската хорор серија „Squid Game“.

Не е јасно кога Лили ќе биде отстранета од центарот на Рочдејл, но се вели дека има планови куклата да биде изложена најмалку до 29 октомври.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *