Бидејќи денес е светски ден на иновациите: 7 помалку познати иновации кои би можеле да го променат светот

Компаниите ширум светот постојано иновираат, создавајќи нови начини на кои можеме да комуницираме и да го искусиме нашиот свет. Денот на иновациите ги слави овие смели истражувачи на нови идеи и со нивната напорна работа се менува нашата иднина.

Институтот за историја на наука заедно со Друштвото за хемиска индустрија редовно се здружуваат за да бидат домаќини на Денот на иновација. Празникот е создаден за да помогне во привлекувањето внимание на оние кои не произведувале само технологија, туку и на оние што финансирале овие работи да бидат возможни. Овие неколку иновации не му се добро познати на светот, но би можеле да му бидат од голема корист.

Гума за џвакање што ги поправа забите

„Слатки каснувања“ (Sweet Bites), гума за џвакање, подобрена со ксилитол за чистење на забите и спречување на болести. Не само што пронајдокот може да му помогне на светот да напредува во оралното здравје, туку и нејзините креатори се надеваат дека жените претприемачи ќе го продаваат во сиромашните заедници, помагајќи да се поттикне економскиот развој.

Штитник за уста што може да открие потрес на мозокот

Да се открие потрес на мозокот е тешко, а ова може во еден момент да им се случи на спортистите. Мамори, што на јапонски значи „заштити“, е штитник за устата со вградени сензори што може да испраќа предупредувања до играчите и тренерите кога судирот е интензивен за да предизвика потрес на мозокот.

Преносен дезинфекционен третман на рацете приклучен на интернет

Новата алатка, SwipeSense, има за цел да направи револуција во дезинфекција за раце правејќи ги преносни и поврзани со мрежата. Болниците можат да ја следат употребата на нивниот персонал преку апликација и да осигурат дека многу помалку луѓе заболуваат од болести што можат да се спречат во болниците.

Соларен шпорет без чад за земјите во развој

„Инфинити“ и другите слични соларни печки имаат за цел да ги намалат болестите и да заштедат енергија нудејќи им пристапен шпорет на сонце, на заедниците во развој. Печката, која ги концентрира сончевите зраци, е направена од рециклиран материјал, дрво, бамбус и глина, така што може да се произведува локално и брзо.

Евтин, пренослив уред за филтрирање на вода

Portapure, уред за филтрирање може да земе валкана вода од езеро или поток и да ја претвори во чиста вода за пиење без таблети за прочистување и електрична енергија. Уредот може да обезбеди 3.000-5.000 галони вода за пиење пред да му треба нов филтер.

Начин за скенирање на хранливата содржина на храната

SCiO, спектрометар со големина на џеб. Уредот би ги измерил калориите и хемиската содржина на храната, така што едно лице би можело да скенира било каква храна или пијалок и да знае прецизно што има во него. Алатката неодамна собра повеќе од 2 милиони долари на Kickstarter.

Туш кој си ја користи повторно водата

Тушот OrbSys ветува дека ќе ја намали употребата на вода за неверојатни 90 проценти и употребата на енергија за 80 проценти. OrbSys рециклира вода за туширање пумпајќи ја низ филтер во систем со затворена јамка, а чистата вода што излегува од филтерот треба само да се загрее минимално. Уредот може да резултира со драматична заштеда на вода и енергија ако се користи во големи размери.