Ден потоа тажна глетка: Сивило го опфати Кочани и регионот, уништени возила и домови, стојат како потсетник за пожарот

Вчера се споделуваа страшни видеа и фотографии од пожарот кој беснееше во Кочани. Денес огнените јазици стивнаа, но остана сивило кое ја проголта кочанската околина. Се гледа дека има причинето голема материјална штета на возила и домови, но за среќа нема сериозно повредени лица. Да се надеваме дека Кочани ќе успее повторно да си ја врати природата и да заблеска како порано.