Денес е денот на пиење вино! Наздравете и погледнете кои се 5-те најскапи вина во светот
Дали некому навистина му треба изговор да отвори шише од своето омилено бело или црвено вино? Апсолутно не! Сепак, тоа не треба да застане на патот за славење на „Денот на пиење вино“. На крајот на краиштата, чаша (ОК, шише) вино е навистина најголемиот противотров на стресните моменти. Годишниот настан е време да се размисли за многу придобивки на виното, како и за улогата што ја одигра во историјата на човештвото и општеството. Социјалните аспекти се особено важни на овој ден, во кои треба да се ужива со пријателите и семејството. Сепак иако постои многу досапно вино има и такви флаши кои чинат цело богатство, а некои луѓе би дале и повеќе од што имаат за тоа. Погледнете ги најскапите 5 вина во светот.
5. Шато Маргау 1787 – 225.000 долари

Шато Маргау од 1787 година за кој се потврди дека бил во колекцијата на Томас Џеферсон се продал за 225.000 долари. Кој го купил? Баксузот Вилијам Солокин, трговец со вино кој го однел виното во хотелот Four Season за да му го послужат со вечерата и на келнерот му паднала флашата од раце и се скршила. Банката му исплатила само една четвртина од парите.
4. Шато Лафате 1869 – 230.000 долари

230.000 долари биле дадени за шише со стандардна големина, достапно на аукција во Сотби во Хонг Конг во 2010 година. Го купил колекционер кој ги набавил сите три од достапните вина од 1869 година за вкупно 690.000 долари. Две испил а третото го оставил во колекцијата.
3. Хеидсик од 1907 спасен од потонат брод – 275.000 долари

Оваа флаша била спасена од брод кој потонал на брегот на Финска. Флашата била пронајдена во 1998 година, а нејзината вредност е голема затоа што требала да биде доставена до царот Николај Втори од Русија.
2. 1947 Шевал Бланк – 304.375 долари

Францускиот Cheval-Blanc од 1947 година е широко признат како најскапото продадено шише вино во историјата со 304.375 американски долари (видете го следното вино за објаснување). Во 2010 година, 67-годишното шише било продадено на приватен колекционер на аукција во Кристис во Женева. Според класификацијата на виното Сен-Емилион, Cheval Blanc има статус на класа А и од сите вина мерло, има само две кои се почестени со оваа класификација.
1. Каберне Совињон

Најскапото продадено вино некогаш е исклучок од датираното правило на ретко вино, бидејќи за време на купувањето не било старо ниту една деценија; шестлитарското шише Screaming Eagle Cabernet Sauvignon 1992 се продаде за неверојатни половина милион долари (така е, луѓе, 500 000 американски долари) во 2000 година на добротворната аукција во долината Напа!
Иако станува збор за квалитетно вино неговата вистинска вредност е далеку од 500.000, но била постигната затоа што се работело за хуманитарна аукција и сите пари заминале во хуманитарни цели.
