Денес е „Светски ден на животната средина“ и вакви глетки не треба да бидат дел од пејсажот на Македонија
Денес на глобално ниво се одржува Светскиот ден на животната средина. Генералното собрание на Обединетите нации во 1972 година на првиот ден од Конференцијата на ОН за животна средина го креираше овој ден и тој се слави од 1974 година во повеќе од 140 земји во светот.
Но, не е само да се каже дека се слави ваков ден и тука да заврши целата работа. „Денот“ треба да стане начин на живот и сите така да функционираме, со грижа и љубов кон животната средина. Наместо балони и прослави денес да се потсетиме како НЕ ТРЕБА да изгледа нашата животна средина и ако овие грешки се случиле еднаш, или се случувале неколку години по ред континуирано не значи дека треба да кренеме раце и да дозволиме тоа да продолжи.