Денеска е светскиот ден на оргазмот: 10 работи кои не сте ги знаеле за овој интересен феномен
Не знаеме точно кој и како го прогласи денешниот ден за светски ден на оргазмот, но идејата да се одбележи не е лоша, затоа што токму во оваа минута се случуваат 1,5 милиони оргазми во светот.
1. Миењето на забите може да доведе до оргазам

Кај повеќето жени не се случува без предигра, но има и вакви исклучоци. Една Американка имала „среќа“ да доживее оргазам додека мие заби. Одличен почеток на денот, нели?
2. Само 11% од врските „за една вечер“ завршуваат со кулминација за двајцата партнери
Ништо не е во ред со старото добро „за една вечер“. Само 11% од дамите достигнуваат врвно уживање во овие ноќи затоа што се нов партнер во кревет. Додека пак 67% од жените кои се во стабилна врска заспиваат со насмевка на лицето.
3. Жените можат да доживеат оргазам на града

Градите и гениталиите на жената се директно поврзани едни со други. Тоа е прилично корисно затоа што кога бебето лежи на матката дава сигнал дека млекото треба веќе да почне да се топли. Но, допирањето на градите и особено брадавиците може да доведе и до оргазам.
4. „Мртвите“ можат да доживеат и оргазам
Луѓето кои се клинички мртви, не можат да дишат сами од себе и нивното срце е на апарати, но во принцип може да доживеат оргазам кога точно тој нерв е стимулиран со електрични импулси. При тоа се случува енергична контракција на мускулите, без стимулација на мозокот.
Како и да е, зошто некој болен ум би го сакал ова?
5. Вашите икања можат да исчезнат од оргазам
Дали страдате од досадно икање? Не пијте вода превртени наопаку, туку само нурнете во кревет. Ако се стимулира таканаречениот „Нерв луталник“, икањето (понекогаш) исчезнува. Погодете како се стимулира овој нерв…
6. Оргазмите ги стимулираат клетките кои се борат против инфекции

Слаб имунолошки систем? Има решение: Во кревет! Оргазмот го стимулира производството на клетки кои се борат против инфекции за 20 проценти. Без вакцинација, само редовно „пеглање“ е лекот против корона вирусот.
7. Повеќе луѓе претпочитаат кафе од секс
Во студија спроведена на 7455 лица, се покажа дека дури 51% од луѓето претпочитаат кафе пред секс. Што мислите, дали тие би имале навистина добро кафе или навистина лош секс?
8. Лезбејките имаат најмногу оргазми

Една студија објавена во „Журнал за сексуална медицина“, во која се испитува врската помеѓу сексуалната ориентација и оргазмите, сугерира дека хетеросексуалните жени доживуваат оргазам 61,6 проценти од сите пати, во споредба со 74,7 проценти кај геј жените.
9. Чорапите се таканаречени предизвикувачи на оргазам
Дали некогаш сте се запрашале зошто актерите и актерките во одреден жанр филмови често не ги соблекуваат чорапите? Па, холандска студија покажа дека многу жени се чувствуваат непријатно поради студените нозе. По облекувањето чорапи, процентот на жени кои доживеале оргазам пораснал од 50 на 80 проценти!
10. 60% од жените глумат оргазми
Да да, знаеме, ова никогаш не ти се случило тебе, но на сите други да. Статистиката вели дека 60% од дамите некогаш имаат изведено делче од аматерска сцена. Можеби не требало да брзаат со соблекување на чорапите?
