Денешните скромни жени (виц)

Се запознав со една убава жена. Ја водам во еден одличен ресторан, го викам келнерот и ја прашувам:
– Што ќе се напиеш?
А таа тивка, нежна и скромна, одвај промрморува:
– Немам некаква специјална желба, истото што и ти!
Тогаш јас смело му велам на келнерот:
– Две големи водки и два џуса од портокал!
Во тој момент таа буквално зазрачи од среќа. Ме погледна со палав поглед и му рече тивко на келнерот:
– Е па тогаш и за мене 2 големи водки со два џуса од портокал! И по едно пиво!