Дете во аптека (виц)

Дете влегува во аптека, вади еден список и започнува да ѝ рецитира на аптекарката:
– Завој, газа, пероксид, ханзаплас, аналгетици, антисептик…
Аптекарката загрижена го прашува:
– Да не настрадал некој?
– А, не, не. Тато отиде на родителска, па за секој случај.