Детективска загатка: Мистериозно убиство во автомобил

Сите сакаме да гледаме детективски филмови каде што еден или неколку остроумни детективи како од шега решаваат мистериозни убиства и носат правда за жртвите. Сепак уште позабавно е кога вие самите имате можност да станете детектив и да решите мистерија.

Полицијата го пронајде овој маж мртов во автомобил. На неговата облека немало траги од барут што значи дека убиецот не бил внатре во автомобилот. Сите прозорци и врати биле затворени од внатре. И во автомобилот нема дупки од куршуми. КАКО БИЛ УБИЕН ЧОВЕКОТ?

Решението ќе го најдете подолу!

ОДГОВОР

Обрнете внимание на автомобилот. Станува збор за кабриолет. Убиецот го затворил кровот на автомобилот откако го убил човекот.