Детето од австралиското село е прилично гладно и не се срами тоа да го покаже во живо на телевизија

Момче и уште тројца луѓе, за кои се претпоставува дека се неговите родители и сестрата, беа интервјуирани во австралиската ТВ-емисија „Проектот“. Одеднаш мувата која летала наоколу слетала на лицето на момчето. Но, тоа без да размисли си ја изеде во живо на телевизија.

Веднаш штом ќе помислите дека првиот пат било грешка, следува „втора тура“. Уште една мува завршува во стомакот на гладното момче. Разбираме дека не е лесно да се биде на телевизија, но да се изедат две муви… е малку драматично. Семејството било во емисијата за да зборува колку на Австралија ѝ се потребни дождови по пожарите.

Научно е докажано дека смеењето го продолжува животот. На каналот Смешни видеа секојдневно се објавуваат по повеќе вакви „продолжувачи на животот“. Токму затоа и постои Мотика, да ве насмее и да ви го разубави секој ден од животот.