Деветмина храбри негуватели се изолираа со пациентите со деменција за да можат да им помогнат за време на пандемијата

Избувнување на коронавирус кај ранливите жители во домовите за стари лица може да има катастрофални последици. Така, девет сочувствителни негуватели во домот Бриџајд Хаус во Шефилд презедоа вонреден чекор за да се изолираат со 23 пациенти со деменција и да се грижат за нив.

Тие се откажале од одењето дома по смените – затоа што при нивното враќање би можеле да ја донесат смртоносната зараза. Посветените деветмина – вклучително и готвач, чистач, менаџер и негуватели – остануваат во станбениот дом деноноќно најмалку две недели.

Тие ќе имаат 12-часовни смени, седум дена во неделата, користејќи ги резервните простории како простории за спиење. Тоа значи дека ќе се потпрат на технологијата за да останат во контакт со најблиските.

Една од вработените Сара Вилијамс вели: „Ризикот еден од нас да го собере и да не знае и да го внесе во зградата беше премногу голем и затоа донесовме одлука да го сториме ова. Ние се обидуваме да ја одржиме ситуацијата што е можно посмирена. Не сите жители имаат капацитет да разберат што се случува.“