Девојче добило 270кг храна за миленици како подарок за Божиќ, но тоа не е грешка

Наместо играчки, Ландин Вадсворт која има само 8 години доби 270 килограми храна за домашни миленици. Но, она не е грешка и девојчето не е незадоволно од својот подарок.

Таа всушност побарала од родителите, роднините и пријателите да не ѝ подаруваат играчки туку да ѝ помогнат да обезбеди храна за бездомните животни.

Девојчето сета храна ја донирала во прифатилиштето за животни „Три-градови“ во Паско, Вашингтон. Мајката на Ландин, Алиша вели дека нејзината ќерка прави вакви донации од 2016 година. Таа година девојчето за прв пат посетило прифатилиште за животни и се растажило од ситуацијата за која посведочило таму. Така веќе трета година по ред се откажува од подароците за Божиќ.

Од прифатилиштето ја објавиле фотографијата од Ландин и напишале: „Желбата на Ландин за Божиќ беше донации за храна за засолништето и се чини дека нејзината желба се оствари !! Ние сме многу благодарни за твојата добрина и сигурни сме дека и кучињата и мачките се благодарни исто така.“