Девојка помислила дека го фатила нејзиниот татко со љубовницата на фотографија на инфлуенсерка, но не е сѐ како што изгледа

Една инфлуенсерка мислеше дека го уништила Божиќ за едно семејство, откако објавила неголку фотографии од себе пред големо дрво во центарот Рокфелер.

Не размислувајќи многу за нив Кејтлин Рае ги објавила фотографиите на Инстаграм за наскоро да добие порака од девојка која тврди дека човекот во позадината е нејзиниот татко со својата љубовница.

Кејтлин првично ги објави сега најозлогласените слики пред два дена, заедно со насловот: „Здраво јас сум Круела де Вил повторно со 4 многу слични слики од себе, само за да ве известам дека го поставив мојот блог на NYC денес. Веројатно не сум носела подобра облека од ова.“

Подоцна таа ги споделила фотографиите на Твитер заедно со разговор од девојка која ѝ пишала: „Али си е*eно сериозна тоа е татко ми од десната страна со друга девојка, тој ни кажа дека оди на деловно патување за викендот, но очигледно не, изгледаат многу блиски. Е*eно знаев.“

Сфаќајќи ја случајната грешка Кејтлин напишала: „Среќен Божиќ, јас само уништив семејство со објавување на Инстаграм.“

Но, не е сѐ како што изгледа. Наскоро мажот од фотографијата се јавил и тој воопшто не е татко на девојчето туку момче по име Бруно кое ужива со својата девојка. Тој ја споделил објавата и напишал: „Брух тоа сум јас не е татко ти“. Исто така неговата девојка ја споделила објавата за да ја разоткријат наводната „афера“.