Девојка се преплашила кога се разбудила со „сомнителна“ кафеава смеса врз себе, но добила едноставно објаснување

Аби Шентон, од Борнмут, за малку ќе доживеала срцев удар кога се разбудила наутро и врз неа и на нејзиниот кревет имало сомнителни кафеави дамки и парчиња.

Кога се свртела на другата страна сфатила дека го нема момчето со кое ја поминала ноќта, па така девојката си помислила сешто.

Таа скокнала од креветот и веднаш пишала порака на момчето кое било со неа претходната вечер. Таа му пишала: „Зошто се разбудив со гом*а на мене и на чаршафот?“ Додека момчето првин се зачудило, а потоа му текнало и ѝ кажал дека ѝ ставил неколку чоколатца на лицето додека таа спиела.

Кога Аби го прашала што размислувал додека го правел тоа тој ѝ дал едноставен одговор: „Смешно“

Можеби дечкото сакал да ја изненади за да ужива во чоколадото кога ќе се разбуди, но очигледно кога се разбудила изгледало како сцена од лош хорор филм, така што не веруваме дека му успеала замислата.