Девојка си го заборавила момчето и 5 години од нејзиниот живот поради болест

Една 23-годишна жена се надева дека ќе ја подигне свеста за енцефалитис, откако ретката состојба предизвика да ги заборави едни од најважните години во животот па и нејзиното долгогодишно момче.

Џорџија Ли, од Милтон Кејнс, Велика Британија, им кажала на лекарите дека има 17 години откако доживеала напади кога имала 22 години. Таа вопшто не се сеќавала на изминатите 5 години од нејзиниот живот, како што е одењето на факултет, добивање на возачка и славење на 18-тиот роденден.

Нападот на Џорџија бил предизвикан од енцефалитис, невообичаена, но сериозна состојба во која мозокот станува отечен. Состојбата може да биде предизвикана од вирусни инфекции, проблем со имунолошкиот систем или бактериски или габични инфекции и може да предизвика компликации како што се губење на меморијата, чести напади, или промени во личноста и однесувањето.

Девојката првин почнало да ја боли грлото, а потоа имала и главоболна само на левата страна од челото која траела неколку недели. Таа поминала во болница еден месец и токму таму го изгубила сеќавањето откако доживеала напад. Првин лекарите мислеле дека ја изгубила само краткотрајната меморија, но откако ја прашале колку години има им станало јасно колкава е штетата.

Џорџија вели дека е чувствувала безвредно затоа што иако има диплома од факултет воопшто не се сеќава што учела и го изгубила сето знаење. За среќа нејзиното момче Лоренс не сакало да се откаже од неа иако морал да почне сѐ одново. Тој ѝ покажувал видеа и фотографии и раскажувал за среќните моменти и тие сѐ уште се во врска.

Џорџија сега патува низ светот со своето момче и ја шири свеста за болеста. Исто така пишува посебен дневник во случај повторно да ја изгуби меморијата.