Девојката дала 120 евра за да изгледа елегантно за својот роденден, но онлајн купувањето не е секогаш добра идеја

Нарачувањето облека преку Интернет понекогаш може да биде минско поле, може да ви биде облеката преголема, премала или пак да не изгледа воопшто како на сликата.

Една студентка по медицина стана „жртва“ на илузијата на онлајн шопингот. За да бидат работите полоши таа даде цели 120 евра за „идеалниот фустан“.

Абигејл Рос го видела фустанот на интернет и сакала да си го купи за да го носи на својот 21-ви роденден наредниот месец. Таа си порачала големина 14 и чекала. Но, наместо модерниот и софистицира фустан Абигејл добила чудна креација. Девојката вели дека во неа изгледа како некој Апостол.

Студентката го вратила фустанот и сега очекува да ѝ ги вратат парите. Таа вели дека за роденденот ќе оди лично да си избере фустан од продавница. Да се надеваме дека овој пат ќе го направи вистинскиот избор.