Девојкава ќе ви покаже како да направите глупост и длабоко да се каете за тоа

Моли О’Брајан, студентка од Онтарио, Канада, сакала само да ја насмее малечката братучетка која ѝ била на гости. Така на ум и паднала „генијална“ идеја и си сместила усна хармоника во устата, но не на вообичаениот начин.

Подоцна го објавила видеото на Тик Ток за да покаже каква глупост направила и дека се кае, бидејќи не можела да ја извади хармониката. Мајка ѝ ја однела во болница, каде што биле испратени на забар и забрато со одреден механизам успеал да ѝ ја извади хармониката од устата. Вакво нешто сигурно нема да ѝ текне повторно…

 

Научно е докажано дека смеењето го продолжува животот. На каналот Смешни видеа секојдневно се објавуваат по повеќе вакви „продолжувачи на животот“. Токму затоа и постои Мотика, да ве насмее и да ви го разубави секој ден од животот.