Девојки на кои им е здодевно им ги прават најлошите фризури на своите момчиња во изолација
Изолацијата, очигледно, довела до тоа да еден куп девојки на кои им е здодевно да помислат дека имаат фризерски вештини и да им направат „професионални“ фризури на своите момчиња.
Со недостаток на пријатели и семејство кои ќе нѐ советуваат што е исправно, а што не можеме да започнеме да експериментираме со потенцијално катастрофални хобија.
Меѓутоа, кога заканата од здодевност се комбинира со потребата од фризура, се чини дека некои девојки едноставно не можат да бидат запрени. Бидејќи берберниците во Велика Британија се затворени под владино раководство, на мажите им остануваат две опции, да се вратат во тинејџерските години и да си ја пуштаат косата, или пак да им дозволат на своите поубави половини да ги „средат“.
Очајните времиња бараат очајни мерки и изненадувачки број мажи се определиле за втората опција. Се чини дека првин сите правеле свои истражувања бидејќи пребарувањето на интернет: „Како да ја скратите вашата коса“ прилично се зголемило во последниот период.
Сепак, постои разлика помеѓу читање како да се направи нешто и навистина да се направи тоа во пракса. Кога ќе ги погледнат резултатите, мажите веројатно нема да ја направат истата грешка повторно.