Девојчето имало училишна задача да се облече како омилениот суперхерој и нејзината маска ги стопли сите срца

Кога нејзиното локално училиште одржало ден на суперхерои наместо да се маскира во Жена-мачка или Спајдермен 11-годишната Обри Архулета од Колорадо одлучи да се маскира во нејзиниот „суперхерој од реалниот живот“.

Девојчето одлучи тој ден да биде нејзиниот татко, Брајан Хилс.

На прашањето зошто го одбрала нејзиниот татко за свој омилен суперхерој, 11-годишното девојче одговорило: „Татковците секогаш треба да бидат суперхерои на девојчињата.“ Откако му ја соопштила одлуката на нејзиниот татко Брајан, тој вели дека неговото срце „експлодирало“ од среќа.

„Моето срце експлодираше. Да се биде родител има свои вродени предизвици на моменти. Мислам дека сите родители само сакаат да знаат дека прават нешто правилно. Ова беше тој момент за мене. Ние се обидуваме добро да ги воспитаме нашите деца. Ваквите моменти се наша награда.“, вели Брајан.

Додека биолошката мајка на Обри не е со нив, семејството на 11-годишното се состои од нејзиниот татко, маќеата Џесика и нејзината ќерка Бела и Брајан нивните односи ги опишува како „прекрасно мешано семејство“.