Девојка добивала пораки наменети за Илон Маск и не знаела што се случува додека мајка ѝ не се вмешала
Во светот постојат милиони телефонски броеви, а старите броеви повторно ќе завршат во нечии раце. Но, што ако го добиете бројот на некоја позната личност? Ваква приказна за споделување има 25-годишна девојка од Сан Хозе, Калифорнија, која првично не знаела што се случува со нејзиниот нов број.
Линзи Такер уште пред неколку години почнала да добива пораки наменети за Илон Маск, но таа не знаела кој е тој. Во просек на ден, Такер прима најмалку три повици или пораки наменети за Маск од луѓе кои не биле информирани за неговата промена во бројот. Ако претприемачот е вклучен во некој вид скандал или голема вест, веројатно ќе добие многу повеќе.
Бидејќи најпрвин не знаела за кој човек станува збор и зошто толку често го бараат ја прашала нејзината мајка која конечно ѝ објаснила што се случува: „Ја прашав мајка ми, ‘Еј продолжувам да ги примам овие смс пораки и, исто така, сега почнав да добивам телефонски повици, за некој си Илон Маск. Не знам кој е тој?’ И вилицата на мајка ми само падна.“
Некои од појаките пораки вклучуваат порака од жена која волонтира да оди на вселената со SpaceX и некои планови за бионички екстремитети. Поранешниот извршен директор на Волт Дизни, Џон Ласетер пишал порака на бројот мислејќи дека е Маск да го пофали новиот Тесла автомобил кој си го купил, додека Службата за внатрешни приходи се јавила за комплицирано даночно прашање.
Маск исто така коментирал за бројот велејќи дека не му се верува дека некој сѐ уште го бара на тој број затоа што е многу стар. Линзи вели дека може да биде многу заморно кога добива повик по повик. Телефонскиот број кој веќе не му припаѓа на Маск бил споделен ппомеѓу соработниците, но заборавиле да го избришат откако престанал да го користи.