Девојката собрала храброст и таа го запросила својот дечко, но сакала да игра на сигурна карта, па направила букет кој нема да може да го одбие
Неодамна во Кина девојка го запроси своето момче, но, не, тоа не е главната вест. Интересен е начинот на кој 24-годишната девојка го направи тоа. Сијао Jинг од провинцијата Хенан во Кина го замолила своето момче да подигне нешто за неа од културното изложбено место, кое го договорила да биде украсено со балони и цвеќиња.
Откако сега идниот младоженец, Ксао Ке пристигнал во салата Сијао одела долж ходникот во венчаница додека до држи „специјалниот“ букет кој нејзиното семејство ѝ помогнало да го направи.
Во букетот има цвеќиња, имотен лист за стан и клучеви од BMW автомобил. Со овој букет таа го запросила токму на местото каде што тој ја поканил на првиот состанок.
„Јас го подготвив сето ова. Тука има автомобил и имотен лист. Не е важно дали ти ги имаш или не јас сепак сакам да бидам со тебе. Дали ќе се ожениш за мене?“, го запросила Сијао.
Ксао иако изненаден без размислување одговорил: „Ова е толку неочекувано. Да, ќе се оженам.“ Во меѓувреме, зборувајќи пред новинарите по запросувањето Сијао која работи во областа на дизајнот, рече дека парите не се важни за неа.
„Она што сакам – повеќе од материјални добра е љубовта. Не мислам дека секогаш мора да биде мажот во врската што обезбедува [куќа и автомобил]. Повеќе од тоа, сакам тој да биде посветен и грижлив по нашиот брак. Тој обично е тој што се грижи за мене и прави жртви за мене. Јас навистина сакам да направам нешто за него. Во однос на материјалните поседи, јас сум во можност да го обезбедам тоа, така што е добро.“, објаснува девојката.