Девојче се збунило откако го препознало својот татко на објава во која тој е во улога на „ново момче“
Интернетот е навистина чудно место. И еве уште еден доказ за тоа. Се покажа дека трошење на време на социјалните мрежи може да ве доведе до многу интересни информации кои не сте ги знаеле, па дури и за луѓето кои ви се најблиски, како на пример родителите.
Девојка потпишана на Твитер како „Bitchseida“ објавила фотографија од жена и маж како уживаат на брод. Таа во описот напишала: „Мајка ми се разведе од татко ми кој постојано ја изневеруваше и сега таа го живее животот во Кабо со новото момче кое ја носи на различни места.“
Ова најпрвин бил обичен пост и луѓето ѝ честитале и му давале комплименти на парот колку убаво изгледаат заедно и слично. Но, еден коментар ги збуни сите.
Девојка по име Кена го препознала својот татко на фотографијата. Таа напишала: „О Боже, ова е мојот татко, штоо“. Кена објавила семејна фотографија за да покаже дека тоа навистина е нејзиниот татко.
Сепак како по обичај луѓето избрзуваат со заклучоци и сите помислиле дека таткото на Кена ја изневерува нејзината мајка. Но, девојчето решило брзо да ја расчисти ситуацијата. Таа објавила дека нејзините родители се разведени и дека се е во ред.
Брисеида ѝ пишала на Кена дека доколку добијат можност да се запознаат ќе имаат прилично забавна заедничка приказна.