Девојче воодушевува со уникатен надворешен изглед, а нејзините очи едноставно оставаат без зборови

Неверојатната убавина на ова 11-годишно девојче од Чеченија едноставно ги воодушеви Интернет корисниците. Нејзините фотографии на социјалните мрежи имаат безброј допаѓања, иако во коментарите постојат и такви кои се сомневаат дека можеби е користен Фотошоп.

Но, уникатната убавица навистина постои. Станува збор за Амина Епендиева, чиј уникатен надворешен изглед не остава никого рамнодушен. Таа е родена како албино, што ја објаснува необичната боја на кожата, а покрај тоа, Амина има и хетерохромија, поради кои нејзините очи имаа различни бои, односно едното е сино, а другото зелено.

Албинизамот во комбинација во хетерохромијата го прават мало девојче како вистинска принцеза од бајките!