Девојка ги пронашла љубовниците на своето момче и заедно заминале на авантура

Во САД две девојки дознале дека се во врска со исто момче, а потоа дознале и за уште 4 љубовници. 21-годишната Меган Табор се посомневала во своето момче и после кратко истражување сфатила дека тој е во врска и со 19- годишната Аби Робертс.

Тие заедно ги нашле и другите девојки, а во меѓувреме се спријателиле. На групата се приклучила и уште една од изневерените девојки, 18-годишната Бека Кинг.

Девојките одлучиле да обноват стар училишен автобус и со него да патуваат низ Америка. Тоа и го направиле и своите забавни моменти ги објавуваат на социјалните мрежи.