Девојка го фатила неверниот дечко благодарение на производ што повеќето жени го користат секојдневно: „Знаев дека некој чепкал“
Има многу неочекувани начини како некој може да го фати партнерот во неверство – но овој случај навистина е посебен.
Како многу жени, Ванеса Мура има строга рутина за нега на кожа, и наутро и навечер. Таа ги чува своите производи уредно и точно знае колку од секој производ е искористено.
„Опседната сум со организација“, изјави Мура за NeedToKnow.
„Знам точно колку има останато од секој крем, каде стои секое шишенце, што е запечатено, а што е половина искористено.“
Некои тоа би го нарекле прецизност – други едноставно женска математика.
Но токму ова внимание на детали ѝ помогна на 31-годишната инфлуенсерка да го открие неверството на нејзиното тогашно момче.
Промена во текстурата и отворен капак — доволно за сомнеж
Кога се вратила од службено патување и се подготвувала за својата вечерна рутина, Мура забележала нешто чудно.
„Кога видов едно од тегличките со лабав капак и променета текстура, веднаш знаев дека некој го допрел. А тоа не бев јас“, вели таа.
Иако тогаш не живееле заедно, нејзиниот дечко имал клуч од нејзиниот стан – но таа била сигурна дека не бил тој што ги користел производите.
„Тој [мојот поранешен] никогаш не би знаел како да користи вакви работи. Беше ‘груб тип’ – од оние што мислат дека сѐ освен сапун е глупост. Ни крема за сончање не ставаше,“ објаснува таа.
Со оглед на тоа, таа веднаш претпоставила дека нејзиниот тогашен партнер довел друга девојка во нејзиниот дом – и таа ги користела нејзините скапи козметички производи.
Кога го соочила, тој конечно признал дека ја изневерувал.
„Да те изневери некој е веќе доволно болно. Но да ги користи моите скапи производи без дозвола? Тоа е непростливо“, вели Мура.
Апликација за четкање заби – уште еден неочекуван сведок
Користени креми не се единствениот начин на кој жените ги откриваат неверствата на своите партнери.
Една сопруга открила дека нејзиниот маж ја изневерувал благодарение на – четката за заби.
Пол Џонс, приватен истражувач од ARF Investigators, имал клиентка која симнала апликација за електрична четка за заби за да ги научи децата правилно да ги мијат забите. Но никој не очекувал дека апликацијата ќе го следи четкањето на сите членови од семејството.
„Со тек на време, клиентката забележала дека навиките на нејзиниот сопруг за четкање се бележат во чудни периоди – кога тој, наводно, бил на работа“, објаснува Џонс за Mirror.
Изгледа дека технологијата и деталното око можат да бидат најнеочекуваните сојузници во откривање на вистината.
Коментирај анонимно